PDF Печати Е-пошта

Клиника за детска и превентивна стоматологија
Почитувани посетители,

Сите знаеме дека оралното здравје е многу важно и има влијание врз состојбата на општото здравје кај човекот. Токму поради тоа  нашата клиника става акцент на превенцијата на оралните заболувања.Најголеми резултати се постигнуваат кога е спроведена уште од детска возраст. Нашите услуги се насочени кон пациенти од најрана возраст  ( од изникнувањето на првото запче) па сé до 18 – тата година. Дозволете за вашето дете да се погрижи тим од стручни лица кои своето искуство го стекналe во превенција и терапија на оралните заболувања во детска возраст. Секогаш подготвени за соработка со родителите, пријателски насочени кон детето, во пријатна работна атмосфера, ќе се погрижиме Вашето дете првиот контакт со стоматологот да го доживее како позитивно искуство. Повелете посетете нé, а ние ќе се потрудиме да си заминете задоволни и без болка.


Услуги кои ги нудиме

  • Превентивни услуги (примена на современи методи и техники за превенција на кариесот, флуоридација и залевање на фисури, како и мотивирање на детето како пациент);
  • Третман на сите видови заболувања на млечни и трајни заби како и заболувања на устата (употреба на современи материјали од светски познати и признати производители);
  • Естетско згрижување на скршени заби, пребоени заби (наследни аномалии), дефекти од кариес;
  • Третман на повреди на забите;
  • Стоматолошки третман на плашливи деца (посебно опремени простории за таа намена), како и третман на деца со посебни потреби);
  • Ласерски третман на заболувањата на забите.
super-zvezda-dino2
detska-stomatologija1
detska-stomatologija2

 
PDF Печати Е-пошта

Клиника за ортодонција

Нашата цел е да обезбедиме ортодонтски услуги со висок квалитет притоа следејќи ги најновите научни достигнувања во оваа стоматолошка гранка. Применувајќи различни методи од фиксната и мобилната ортодонтска техника ние тежнееме кон корекција на нарушените орофацијални функции и дентоалвеоларни и вилични неправилности како и подобрување на естетскиот изглед на пациентот. Кај адултната популација освен естетска и функционална корекција успешно делуваме и превентивно на појавата на пародонтопатијата, како и подготовка на пациентот за протетска рехабилитација. Нашиот високо едуциран тим ќе се погрижи за Вашата насмевка да изгледа совршено, користејќи современи материјали и техники. Повелете посетете нé, а ние ќе се потрудиме да си заминете задоволни од постигнатите резултати.

Услуги кои ги нудиме

  • Специјалистички преглед и консултации на пациент со комплетна медицинска документација и рентген-дијагностика (ортопантомограм, телерентгенограм, ретроалвеоларна снимка, оклузална снимка, дентална профилна снимка, рентгенграфија на дланка);
  • Превентивни ортодонтски мерки (спречување на настанување на ортодонтски аномалии);
  • Интерцептивни ортодонтски мерки (мерки со кои не се дозволува веќе настанатата неправилност да напредува и истата се коригира);
  • Терапија на ортодонтски неправилности со мобилни апарати (протези);
  • Терапија на ортодонтски неправилности со функционални апарати;
  • Терапија на ортодонтски неправилности со фиксни апарати (протези);
  • Ортодонтско-хируршки третман на импактирани (заглавени) заби (канини, инцизиви, премолари, трети молари);
  • Терапија на пациенти со бруксизам (чкрипење на забите придружено со болка во зглобот);
  • Поместување на заби поради протетска причина.

klinika-ortodoncija

 
PDF Печати Е-пошта

Клиника за болести на забите и ендодонтот

Статистичките податоци од различни страни на светот собрани и споредени, без исклучок, ни го потврдуваат фактот дека кариесот е најчесто заболување не само во усната празнина, туку и воопшто најчесто од сите општи заболувања. Токму високиот процент на застапеност на ова заболување резултира и со појава на зголемен процент на компликации кои се  најчестата причина, за Вас како пациенти, да го посетите Вашиот стоматолог. Кај нас ќе Ве пречека високо едуциран тим составен од доктори по општа стоматологија и специјалисти од оваа област, кои во пријатна атмосфера ќе ги решат Вашите проблеми поврзани со забоболката и расипувањето на забите, како и естетски ќе ги згрижат настанатите дефекти користејќи современи материјали и техники. Повелете посетете нé, а ние ќе се потрудиме да си заминете задоволни и без болка.


klinika_za_bolesti_na_zabite
 
PDF Печати Е-пошта

Клиника за орална хирургија со имплантологија

Орално-хируршките интервенции отсекогаш претставувале најчестата причина за страв при посетата на стоматолошката ординација. Во нашата клиника ќе ве пречека стручен тим составен од доктори и специјалисти по орална хирургија, кои ќе се потрудат овие интервенции да ги извршуваат безболно, во релаксирана атмосфера, а Вие како пациенти да си заминете задоволни и со позитивни искуства. Како посебна супспецијалност на оралната хирургија во поново време се издвојува имплантологијата. Тоа претставува современо решение на беззабоста кај пациентите, а ние располагаме со стручност и опременост за соодветно да ја изведеме имплантолошката постапка, а Вие да си заминете задоволни од постигнатиот резултат.

Услуги кои ги нудиме

Нашиот делокруг на работа е поделен на три нивоа: амбулантски услуги, оперативни услуги и имплантолошки услуги.

  • Екстракција на еднокорени и повеќекорени заби;
  • Екстракција на фрактурирани и деструирани заби (вадење на корени);
  • Инцизија на апсцеси;
  • Хируршка екстракција на импактирани (заглавени) и полуимпактирани заби;
  • Цистектомии (хихруршко отстранување на цисти);
  • Апикотомии (хируршко чистење на воспаленија на врвот од коренот);
  • Хируршко вадење на скршени заби;
  • Претпротетска хирургија (вестибуопластика, туберпластика итн);
  • Ортодонтска хирургија (екстракција на заби кои сметаат во ортодонтската терапија, кортикотомии);
  • Френулектомии;
  • Решавање на постоперативни компликации (крварење, алвеолити, отворен синус);
  • Планирање, совети и поставување на импланти;
  • Употреба на ласер во оралната хирургија
klinika-oralna-hirurgija

klinika-implantologija
 
PDF Печати Е-пошта

Клиника за болести на устата и пародонтот

Пародонтопатијата како заболување, веднаш по кариесот претставува едно од најчестите заболувања во популацијата на светско ниво. Токму фактот дека се развива бавно и тивко, е одговорен за ненавременото реагирање на пациентите. За жал, поголеми проблеми поврзани со ова заболување се јавуваат веќе во фаза кога прогнозата на истото е многу лоша во однос на зачувување на забите. Голем дел од луѓето ги губат своите заби, незнаејќи дека тоа може да се спречи со едноставни мерки, а најновите тераписки модалитети се движат во правец и на излекување на оваа болест. Застрашувачки е податокот дека старосната граница за почеток на ова заболување се наоѓа многу ниско, односно голем процент од младите индивидуи имаат почетен степен на воспаление на непцата (гингивитис) кое претставува прв чекор кон развивање на пародонтална болест. Нашата клиника е составена од персонал кој своето образование го насочил кон оваа област, а исто така и во проучување на заболувањата на сите меки ткива во усната празнина. Повелете посетете нé, а ние ќе се потрудиме да си заминете задоволни.

Услуги кои ги нудиме

  • Дијагноза и план на терапија на пародонталната болест;
  • Чистење на меки наслаги (полирање на забите);
  • Ултразвучно отстранување на забен камен;
  • Совети за правилно одржување на орална хигиена (користење на забна четка, интердентален конец, интердентални четки итн);
  • Дијагноза и терапија на заболувањата на оралната лигавица;
  • Употреба на ласер во терапија на пародонтопатијата како и за терапија на оралните заболувања.
klinika-bolesti-usta-paradont

 
PDF Печати Е-пошта

Клиника за протетика

Голем број од населението има потреба од протетска реконструкција. Проблемите поврзани со кариесот и пародонтопатијата, многу често, доколку не се лекувани доведуваат до губиток на забите. Со самото тоа се нарушува рамнотежата во забните лакови и воопшто во усната празнина, а тоа резултира со уште поголеми промени и компликации, кои ќе се одразат на виличниот зглоб. Нашиот тим составен од специјалисти по оваа област се тука за да го прекинат овој негативен круг на развивање на работите. Со правилна дијагноза и изработка на протетски изработки изработени од современи материјали и со современи техники, ќе направат да се подобри функцијата на орофацијалниот систем и насмевката повторно да се врати на Вашето лице. Почитувајќи ги традиционалните постапки, а истовремено следејќи ги новите трендови и технологии, се раководиме според испробани и докажани принципи на работа. Повелете посетете нé, а ние ќе се потрудиме да си заминете задоволни од постигнатиот резултат.


Услуги кои ги нудиме

  • Подвижни тотални (целосни) акрилатни протези;
  • Подвижни парцијални (делумни) акрилатни протези;
  • Подвижни протези со метална основа (познати како “визил” протези);
  • Фиксни изработки (коронки, мостови) фасетирани со акрилат;
  • Фиксни изработки (коронки мостови) – металкерамика (порцелан);
  • Безметална керамика;
  • Метални надоградби;
  • Заштитни коронки;
  • Подготовка на забите за изработка на подвижна протеза – изработка на коронки (со место за јавач, со вградени ретенциони елемени-различни видови атечмени и копчиња);
  • Изработка на протетски конструкции над импланти (во соработка со имплантолог)
  • Дијагноза и терапија на промените на оралните ткива, што се последица на негативни дејства на протетичките изработки;
  • Дијагноза и терапија на хиперсензитивните реакции на организмот кон протетичките изработки;
  • Дијагноза и терапија на оклузални дисфункции.
klinika-protetika
 


footer_logo Универзитетски Стоматолошки Клинички Центар: „проф. д-р Бојо Андрески“
Работно време:  секој работен ден и викенди од 08 до 20 часот.
тел.:   +389 2 320 20 22  |  www.eurmdentalcenter.mk  |  contact@eurmdentalcenter.mk

Copyright © 2017. EURM Dental Center. Designed by © Elco M | www.elco.eu.mk |