PDF Печати Е-пошта

Почитувани посетители,

 

Добредојдовте на web-страната на Европски универзитетски стоматолошки клинички центар кој на едно место Ви ги нуди сите стоматолошки специјалности. Проблемите поврзани со здравјето на Вашите заби и уста, доверете ни ги нам, а нашиот високо едуциран стоматолошки персонал, во пријатна и опуштена атмосфера, ќе се потруди тимски да ги реши истите, така што Вие од нашиот центар ќе си заминете задоволни и со блескава насмевка.

 

Клиничкиот центар, со својата атрактивна местоположба, во самиот центар на градот, опремен според најсовремени трендови располага со структурна организираност која ќе Ви овозможи тимско решавање на проблемите со Вашите заби.

 

Нашиот клинички центар просторно е поделен во шест специјалистички клиники, кои меѓусебно соработуваат и тимски ги разгледуваат и решаваат сите Ваши барања и потреби поврзани со Вашите заби и уста. Во склоп на клиничкиот центар функционираат:

 

Клиника за ортодонција;

 

Клиника за детска и превентивна стоматологија;

 

Клиника за болести на забите и ендодонтот;

 

Клиника за болести на устата и пародонтот;

 

Клиника за орална хирургија со имплантологија;

 

Клиника за протетика.

 

Како составни делови на нашата институција функционираат рентген – кабинетот  и заботехничката лабораторија. Oпремени според современа технологија секогаш Ви стојат на располагање со единствена цел да ги решат проблемите кои ги имате со Вашите уста и заби и да го комплетираат процесот на формирање на Вашата совршена насмевка.

 

Пред Потоа
Picture6 Picture7
Пред Потоа
Picture8 Picture9
 


footer_logo Универзитетски Стоматолошки Клинички Центар: „проф. д-р Бојо Андрески“
Работно време:  секој работен ден и викенди од 08 до 20 часот.
тел.:   +389 2 320 20 22  |  www.eurmdentalcenter.mk  |  contact@eurmdentalcenter.mk

Copyright © 2017. EURM Dental Center. Designed by © Elco M | www.elco.eu.mk |